Yanaki and Milton Manaki were Aromanian photography and cinema pioneers of the Balkan Peninsula and the Ottoman Empire. They were the first to bring a film camera and create a motion picture in the city of Bitola. Their first film, The Weavers, was a 60-second documentary of their grandmother spinning and weaving; this is regarded as the first motion picture shot in the Balkans. The Manaki brothers used a 35 mm Urban Bioscope camera that Yanaki imported from London in 1905.
They made a name for themselves in their local photography studio and, in 1906, they received an invitation from King Carol I of Romania to participate in the Bucharest Jubilee Exhibition, where they won a gold medal for their collection and were asked to be the King's official photographers. They became the official photographers of the Ottoman Sultan and the King of Yugoslavia Alexander Karađorđević, in 1911 and 1929, respectively.
In 1921 they built an outdoor cinema in Bitola named Manaki and later transformed it into a movie theater, which was destroyed by a fire in 1939.
TThe brothers documented a number of historical events—the Ilinden Uprising, the Balkan Wars, World War I, and the development of Bitola as a consulate and military center of the Ottoman Empire. They left a rich legacy of important documentary value of the historical and cultural development of Southeast Europe. In their honor the Manaki Brothers Film Festival is held every year in Bitola.
Јанаки и Милтон Манаки биле пионери за фотографија и филм на Балканот и во Отоманската империја. Тие први донесоа филмска камера и снимија филм во Битола. Нивниот прв филм е документарец од 60 секунди за нивната баба Деспина која ткае и ова се смета за прва филмска снимка направена на Балканот. Браќата Манаки користеа URBAN BIOSCOP камера од 35 мм што Јанаки ја увезе од Лондон во 1905 година.
Тие се прославија со своето студио за фотографија и во 1906 година добија покана од романскиот крал Керол Први да учествуваат на јубилејната изложба во Букурешт, каде освоија златен медал за својата колекција и беа замолени да бидат на кралот официјални фотографи на кралот. Тие станаа официјални фотографи на османлискиот султан во 1911 и на кралот на Југославија Александар Караџорџевиќ во 1929.
Во 1921 година тие изградија отворено кино во Битола со име Манаки и подоцна го претворија во кино сала, која беше уништена од пожар во 1939 година.
Браќата документирале голем број историски настани - Илинденското востание, Балканските војни, Првата светска војна и развојот на Битола како конзулски и воен центар на Отоманската империја. Тие оставија богато наследство од важна документарна вредност на историскиот и културниот развој на Југоисточна Европа. Во нивна чест, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ се одржува секоја година во Битола.
Source/Извор: https://normandy.memorial-caen.com/events/temporary-exhibitions/eastern-front-photographs-1914-1918/manaki-brothers
Copy link
Share now